Posts Tagged ‘море’
Сеќавањата на капка море
Posted Јануари 7, 2012
on:“И ништо не е исто, освен желбите.”
~tT
Сите вресоци се соединуваат во еден, опишувањата никогаш порано не биле поапстрактни. Ние се будиме, но не во посакуваната реалност. Еден по еден, ги скокаме паралелните универзуми како да тоа не се само научно фантастични поими, туку извитопорени надежи на одамна умрени скулптури. А ние колекционери на сеќавања.
– Сеќавањата не се илузија, нели? – вреснаа соновите од мене, како пробудени.
– Поубаво е да живееш за нештата, отколку од нештата. – си подготвуав утеха како невкусен сируп против настинка.
Никогаш порано не мислев дека толку многу ќе ми затребаат сеќавањата. Се трудев да заборавам нешта кои не можам да ги вратам. Можеби и ги заборавив. Можеби затоа сум толку празен после вечерново пијанство и, чувствувам испеглана бела постела врз моите можности. Како граница, како променлива гравитација на планета во момент на своето крахирање. Зеленост, со измешни афекти врз својата позадина.
Јас и ти ќе живееме над сите мориња. Ти ќе живееш само во една вечерна капка, а останатите капки од целото море ќе ги преживееме јас и моето сеќавање за тебе. Животот воопшто не е голем, тој се случува и исчезнува, тој е едноставен како неколку обични букви кои сметаат дека е штета ако од себе не создадат реченица, па макар да истата се распадне уште следното утро.
Скорешни коментари