Небесна линија

Archive for the ‘Раскази’ Category

How do you feel?

 

My friends were playing on the street, I was just sitting and watching at the white powder that Peter was playing with. Its our street, and for us its like our park cause the cars were so rare here and we are ten kids all born 11 years ago, well couple of them were 10 and 9 years ago, but its not big difference we are the rulers of our street! Its just ours!

  • – Hey! I found this powder in my fathers basement. – Said Peter. We were just looking with one eyebrow higher. – I think there is something magical about it, I have seen this on TV, it makes people stronger. Wanna try it? – He asked.
  • – We should just eat it? – Pepi asked.
  • – I’ll put it in bottle of water and we’ll drink it!?

We did exactly what he suggested.

~

I woke up with my face on the table, I couldn’t figure out where I am. But Peter was across me so i asked him and he just smiled. I knew something was wrong. I stood up and tried to walk across the room. From the window i saw Pepi outside, so I opened the window and asked him:

  • – Hey do you remember what happened after we drank that bottle with the white powder?
  • – What powder? – He asked back.

I felt scared and i think he noticed it. So i got back to Peter inside and i asked him how long was i sleeping here, he said: “Quite a while”. When I looked into my phone, it was 4th July. That wasn’t possible i though, last time i remember it was 17th June. But how can i have a phone? When we drank from that bottle the year was 1999, now is 2004. My head was spinning and I put my two hands on my forehead.

  • – Peter you have to tell me what happened, and why is everybody sleeping? – The moment i said that people were beginning to wake up, and someone asked for the white powder from Peter and he gave him a bottle.
  • – Relax man, it will come to you. – Said Peter to me and gave me another bottle.
  • – Im not drinking that until i figure this out. – The moment i said that i felt clearance about my memory.

Except there was no memory. It was like 2 minutes ago when we were just a kids and we drank the bottle with the white powder. At that point, Pepi come into the room i said he remembered now about the white powder.

  • – I think we were tricked into growing up. – He said.
  • – I knew that from the moment i woke up on this table, but how the fuck is that possible? Years passed and we don’t remember anything? – Everybody heard what i said, and they all looked at Peter and started with questions.
  • – Its always you! – Peter said to me. At that point everybody fell a sleep. Including Pepi.

I looked at Peter, he had kinda disappointed face.

~

Now I woke up on the street. Everything was normal. I turn around and i saw Peter 10 meters of me. He had that look when he know something is wrong. When i looked into my phone, the year was 2011. It got clear to me.

  • – Man we are sleeping for years, can you see? – I asked standing next to him on the street
  • – I know man, but there is nothing we can do now. – He said with his half disappointed face. – You always noticed first, look at them, nobody knows. – When he said that Pepi came to us and said: “Time really flies man”.

~

I’m in my bed now, I just had this terrible dream that we are sleeping for years. Its night, 21:30, the year is 2016, there is no one on the street, and I’m not sure if I even have friends now. I don’t know why i was thinking that the white powder is making us forget about time? Isn’t that just, life?

 

.

Ознаки:

“I fell in love the way you fall asleep.
Slowly, and then all at once.”

Колку повеќе старееме толку поосамени сме. Камо да имаше некое место каде ќе може да ја кажеме сета вистина без да ни пречи во животот. Камо луѓето да не беа толку стереотипни и педерски кои само гледаат да те уништат за да бидат левел погоре. Убиј за да преживееш јеби га.

Замислете еден писател, седи и пишува со денови, месеци, години, излегува од соба еднаш или два пати месечно, чисто да земе свеж воздух. Дали е тоа осаменост? Или, дали е нормална осаменоста? Башка, релативно е, може да си сам, а да не си осамен и обратно. Нема ништо нормално или ненормално, само она што општеството го налага, а различни општества различно налагаат.

Сепак чувството останува. Сите барем еднаш се почуствувале осамени, па и депресивни. Порано ги познававме луѓето со кои се дружиме, ги знаевме во целост оти бевме мали, цел живот имавме пред нас. Сега откако ни е изживеан не познаваме никого, сите што ги среќаваме веќе имаат изживеан живот и сите се различни, никој нема да те разбере што и да му кажеш. Нели е тоа осаменост?

Колку и да се дружиш, со кого и да се дружиш излишано е, сите се лицемерни и бараат и најмала причина за да те турнат во провалија. Запознавање нови луѓе е преубаво чувство, како љубов. Ама не си ни свесен дека во тој момент живееш како на кредит, се ближи денот кога мора да се отплати кредитот. Еден ден од сите тие ќе добиеш нож во грб или нефер изненадување. Нели е самиот живот една голема самотија?

Секако, моментите се најјаки. Ама цело време собираме моменти и ги нарекуваме целост. Другари милион, убави разговори, пронаоѓање, журки, пијачки.. Но моментите кратки се, затоа се моменти. Исполнетоста создава чувство дека празното не постои. Нели е исполнетоста една обична илузија?

Колку повеќе старееме толку поосамени сме. Животот не нè чека, тој си врви, ние стоиме.

Broken Bells with Ringo Starr

Години поминати, замрзнати и свртени кон бескрајот, се лулаат над твојата глава во оној осамен момент кога ќе помислиш дека мислите никогаш нема да запрат.

А како ќе запрат? Тие никогаш не запираат, ти се повторуваат одново и одново додека не ја исполнат идеалната замисла за тоа како требаше нештата да се случат. Пред многу години. Оние замрзнати и свртени кон бескрајот, што се лулаат над твојата глава.

Токму тие години никој не ги памети, никој освен ти. Ти ги паметиш затоа што сакаш да ги вратиш и да ги измениш. Носталгијата не е ништо друго освен тешка тага врз која стојат милиони мисли кои копнеат да им одобриш да замислат дека нештата се случиле малку поинаку. Сè би изменил, не нешто, туку сè. Само да ја знаеше иднината. Всушност секој би изменил сè, може да го негира ова до утре, но вистина е, факт е, аксиома е. Сите би измениле сè, само да ја знаеја иднината.

Врапчиња распиштени по љубов, топли реченици и црно згреано вино со цимет, тоа и едно скршено пијано во средина на собата. Насекаде по подот расфрлани скршени ѕвончиња, секое од нив носи по едно име од некој твој пријател од оние години, замрзнати и свртени кон бескрајот. Пијаното го свири бескрајот, а неможноста да се движиш те потсеќа дека воздухот е исполнет од замрзнатите години, свртени кон бескрајот.

За некој друг, ти си само уште едно скршено ѕвонче на подот.

.

“It’s just, usually, it’s myself that i wish i could get away from.
I have never been anywhere that i haven’t been.
I never had a kiss when i wasn’t one of the kissers.“
~ Before the sunrise (филм) Time: 01:22:36

.

Денес порасневме. Заедно во мислите, а рзделени од времето и просторот. Денес не сакаме да сме тука, ниту да сме во овој ден, пораснат и отуѓен од нас. Ден во кој сè е туѓо освен времето, времето го цедиме со секоја негова секунда затоа што ни е важно, затоа што денес времето е пари. Посакувам денес да бевме вчера.

Единствено вчера бевме заедно со себе си и еден со друг. Вчера бевме гушнати со саати, времето не ни беше важно, тој ден за нас траеше цела вечност. Го чувствувавме и го паметевме цела вечност, засекогаш. Не можевме да посакаме ништо повеќе од себе си, заедно, еден покрај друг. Кога нештата привршуваа можевме да си речеме: „имај убав живот“ и да се понадеваме дека никогаш повеќе нема да се видиме.

Знаеш што имаа заедничко овие два дена, денес и вчера? Само едно нешто ги поврзуваше и тогаш и сега. Можеби како надеж, како мисла, или како прашање: Дали некогаш пак ќе се сретнеме, можеби утре?

.

Ознаки:

.

Doublethink – to deliberately believe in lies while knowing they’re false
~ (Detachment, филм, time: 00:42:39)

.

Патувањето низ ѕидот кој те дели од твоето сопствено море од падови и очаи во кои те заробиле уште од твоето раѓање, те прави да се чувствуваш невидлив, празен и уморен од тежината врз твоите гради.

Таа те прави посилен, убивајќи те. Таа заслужува да ја сонуваш секое утро додека го ослободува последниот поглед заминувајќи си. Таа ѕидина која секојдневно ти дава надеж дека ќе си замине, но никогаш не си заминува. Патувајќи низ тој ѕид, ја чувствуваш неговата сродност со тебе, неговата тишина, празнина и заробеност. Ја доживуваш неговата допреност со тоа море од очаи од едната страна и светлина со радост од другата, тој ѕид е мост помеѓу твоите две своевини. Морето и небото.

Патувајќи низ ѕидот ја зацврснуваш неговата трајност и неразделност од твоите две своевини, без разлика колку да тежи врз твоите гради и колку да те заробува со неговото постоење, тој те одржува во живот. Тој те одржува во свесност за твоето постоење. Бидејќи тој безимен ѕид си токму ти. Ти си твојата заробеност, ти си твојата празна безименост, пополнета со тежок ѕид. Во надеж дека патувајќи по него ќе дојдеш до неговата радосна своевина. Уште еднаш, само уште еднаш.

.

.

Forgotten is forgiven. – F. Scott Fitzgerald

.
Изгледа молкот е единственото нешто кое кружи над моите зборови. Тие молчат, заедно со мене, заедно со бескрајот. Ако некогаш ги премолчам сите тишини на светот, ве молам разбудете ме. Убедете ги овие зборови да вреснат што погласно. Да речат простете за сите тишини премолчени, за сите вишок извинувања прошепотени низ безглас, за сите сонови жртвувани поради воздишки исполнети со поезичен вкус.

Денес е денот на будењето. Исто како и вчера и деновите пред вчера. А молкот сè уште е единственото нешто кое кружи над моите зборови, сите оние зборови кои испишаа стотици приказни и кои по малку се чувствуваат уморни од молкот.

Ако некогаш успеам да ги премолчам сите твои зборови, сите твои погледи, сите твои насмевки кои продолжуваат и без мене, тогаш те молам вресни што погласно. Јас ќе се разбудам само за да се присетам на сонот во кој молчев со години. Во кој молковите беа или се, само тивки песни испеани во мислите, без никој да ги слушне, без никој да ги помисли.

Дотогаш, а можеби и отпосле, молкот останува да ги крши сите вресоци и да лебди над сите зборови никогаш не помислени, низ сите песни никогаш не испеани и низ сите воздишки секогаш издишени со вибрирачко чувство на разделнина. Единствено среќа е што грижите никогаш не постојат во молкот, бидејќи тој секогаш лебди над нив.

 .

.

Заборави, исчезни ги сите мината. Ние не ги чуваме бакнувањата во мелодија, ами тие нè чуваат нас, во сонот со повеќе утра. Во море со повеќе бои, во свет со повеќе сонца.

Прифати ги без да им судиш, замисли ги без да ги видиш. Создади ги без да ги допреш. Потоа слободно исчезни ги.

Тие се во темнината која ја викаме универзум, таму каде што живеат сите вечности кои ги напуштаме откако еднаш ќе ги доживееме. Но тие не нè напуштаат нас.

Во сонот продолжуваат да те сакаат онолку колку што и јас те сакам. Токму толку колку што трае ноќта, заборавот и исчезнувањето.

.

.


_______
Букви со надредни знаци:
.

Ѐ Ѝ è ѝ ô
_______
Блогот е создаден во 2008-ма година и од него се публикувани две книги.

категории

Скоро прочитани написи

На твитер

  • Why we dont love the people who love us but we love the people who dont love us? Is this another anomaly of our fuckedupness? 4 months ago
  • "it's always worth to lose" - Jim Carrey 7 months ago
  • "Reality is your power to understand and recognise the misconceptions and misunderstanding in the world." - George Soros 7 months ago
  • "the internet technology that have the power to let everyone in the world understand each other" Snowden movie. 9 months ago
  • "The world changed when Supermen flew across the sky. Then it changed again when he didn't." - Suicide Squad 12 months ago

hits

  • 48,417 hits

Rene Aubry - La Grande Cascade

Rene Aubry - Demi Lune

René Aubry - Tree Song


Site Meter

Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.