Небесна линија

Archive for the ‘поезија’ Category

.

Doublethink – to deliberately believe in lies while knowing they’re false
~ (Detachment, филм, time: 00:42:39)

.

Патувањето низ ѕидот кој те дели од твоето сопствено море од падови и очаи во кои те заробиле уште од твоето раѓање, те прави да се чувствуваш невидлив, празен и уморен од тежината врз твоите гради.

Таа те прави посилен, убивајќи те. Таа заслужува да ја сонуваш секое утро додека го ослободува последниот поглед заминувајќи си. Таа ѕидина која секојдневно ти дава надеж дека ќе си замине, но никогаш не си заминува. Патувајќи низ тој ѕид, ја чувствуваш неговата сродност со тебе, неговата тишина, празнина и заробеност. Ја доживуваш неговата допреност со тоа море од очаи од едната страна и светлина со радост од другата, тој ѕид е мост помеѓу твоите две своевини. Морето и небото.

Патувајќи низ ѕидот ја зацврснуваш неговата трајност и неразделност од твоите две своевини, без разлика колку да тежи врз твоите гради и колку да те заробува со неговото постоење, тој те одржува во живот. Тој те одржува во свесност за твоето постоење. Бидејќи тој безимен ѕид си токму ти. Ти си твојата заробеност, ти си твојата празна безименост, пополнета со тежок ѕид. Во надеж дека патувајќи по него ќе дојдеш до неговата радосна своевина. Уште еднаш, само уште еднаш.

.

“Learn to deserve, is what you said.”
~ Aleah  

Понекогаш, ама само понекогаш е можно да се сознае дека шумот е многу пати поубав од било која мелодија. И токму во тој момент ќе го слушнеш сето чудо на светов. Штета е што тоа се само мигови, а сето останато е само огромна пауза меѓу нив.

Тишина бакнува викотници, ветрови и само една повредена душа која скита од поезија на поезија и брка сонови за да заспие, за миг. Тишината бакнува сѐ што не може да се допре, а повредената душа ја држи како хартија во рацете. Во неа некакви букви се слизнале кон работ и капнуваат една по една, токму на погрешната страна на една полноќ.

Десет различни девојки – десет различни лаги. Сите ги собираш во акустичната гитара за да ги слушнеш по неизбројан број пати, во погрешната страна на една полноќ. А оттаму шумот се појавува и сознаваш дека токму во овој момент ќе го слушнеш сето чудо на светот. Барем овој пат, барем во оваа погрешна страна на една полноќ, каде самотнината и шумот го занемаруваат сето останато и се спојуваат со тебе.

 .

„Сонот сонуван од еден, е само сон.
Сонот сонуван од двајца е реалност.“
-Џон Ленон

.

Никој не знае за нас, освен јас и ти. И сите наши песни и, сите наши писанија. Јас и ти сме поважни од сите реалности и сите сонови, јас и ти – луѓе од звук, луѓе од букви.

Никој не забележи дека магичноста постои. Видовме само ние и сите наши песни и, сите наши писанија. Јас и ти – луѓето отпеани од славејот и отпечатени во снегот, дали сме ние измислени ликови од нечиј сон или сме производ на својата тажнина?

Никој не може да знае, освен јас и ти. И сите наши песни и, сите наши писанија. Јас и ти – луѓето кои ги брка заборавот за своето заедничко постоење.

.

Извор на звуци од нејзиното тело, перничето ужива на подлактицата. Таму ги заспиваме, таму ги ловиме, таму ќе ги зачиниме и таму ќе ги вкусиме.

Таа и Radiohead имаат нешто роднинско, некаде, во некој зафрлен дел од себе. Тие и двајцата ми создаваат екстаза, а звучат во исто време, секогаш во исто.

Перничето од подлактицата, заспиено крие сонца од цепелинот на чичко Фердинанд и патем, го лета истиот со нејзините звуци. А ние таму само ги чувавме за само да ги зачиниме, за само да ги вкусиме.     Некогаш.

Премногу моќен за да знам, премногу задишан за да издишам. Сите езера го продаваат својот писателски потпис, брановите ги зокружуваат дваесет и трите години и моето име. Премногу збунет за да прашам, премногу мртов за да трепнам.

    -Во налет на синестезија, го прелетувам брегот на суводолната празнина, да покажам дека денес сите поети се разбрани.

А во торбата на овој ден заспиено молчат сите наши правдини. Премногу моќни за да знаат, премногу збунети за да прашаат, премногу задоцнети за да се разбудат.

[  In memoriam  ]

.

Луѓето се како прикaзни,
ако не ги напишеш – тие не постојат. (tT)

Луѓето,
кои како застанати приказни
на себично избледени сенки,
ги закопавме  два метри под заборавот
-веќе станале само делузија.

Како што лагата повторена сто пати, станува вистина
така и вистината во заборав, станува лажна.

Со себичноста во себе
секогаш го гориме сомнежот за вистината избледена
и со пепелот го прекриваме печатот на едно време.
Ние сме мајстори за себе лажење, затоа и не го знаеме тоа.

Во сонцето
сон
изгорен трага
по своевина,
по туѓевина.

Мала искра
од зеници врели
и сонот
станува
месечина.

Во рана утрина
со погледот
искриш
кон нашиот сон
заспиен меѓу нас.

А тој во незнание
и со месечева пот
замелушен трага
по мене,
по тебе.


_______
Букви со надредни знаци:
.

Ѐ Ѝ è ѝ ô
_______
Блогот е создаден во 2008-ма година и од него се публикувани две книги.

категории

Скоро прочитани написи

На твитер

  • Why we dont love the people who love us but we love the people who dont love us? Is this another anomaly of our fuckedupness? 4 months ago
  • "it's always worth to lose" - Jim Carrey 7 months ago
  • "Reality is your power to understand and recognise the misconceptions and misunderstanding in the world." - George Soros 7 months ago
  • "the internet technology that have the power to let everyone in the world understand each other" Snowden movie. 9 months ago
  • "The world changed when Supermen flew across the sky. Then it changed again when he didn't." - Suicide Squad 12 months ago

hits

  • 48,417 hits

Rene Aubry - La Grande Cascade

Rene Aubry - Demi Lune

René Aubry - Tree Song


Site Meter

Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.