Небесна линија

Поетични цитати

Цитативе се собирани со години читајќи ги омилените поетичари на blog.mk во период од 2008 до 2009 година. Денес иако 90% од нив повеќе не пишуваат и тој сервис не постои, нивната поетичност останува да ме потсетува на неколку годишната дружба со нив.

__________________________

Кога сонувачот ќе биде протеран од земјата на соништата, тогаш тој избледува во една обична воздишка во нечии очи.. (С.Ц.)

__________________________

Љуби ме додека сонувам,

сонувај дека те љубам.

Можеби некогаш ќе ставиме точка

под прашалниците.. (Искрата )

__________________________

Има нешта што не можеш да ги постигнеш со љубов. Нив им е потребна безусловна љубов…. (seelenluft)

__________________________

Виреевме токму на средината од скалите кои доаѓаат од никаде и одат никаде! (С.Ц.)

__________________________

Те сакам наутро….

Ме љубиш навечер….

Ќе се побараме ли некогаш?

Кој го закопа пладнето? (С.Ц.)

__________________________

Светот го изгуби овој средовечен човек како писател, но тој самиот го пронајде писателот во себе.. (Harry Haller)

__________________________

Кога бајките привршуваат, гулабот останува само со својата слобода. Попусто. Слободата е едно големо колаче, со вкус на хартија…. (С.Ц.)

__________________________

Сите ние имаме недопишани страници во животот… Тие не тераат да пишуваме. (Литера)

__________________________

Те побарав среде никаде, во ниедно време и сфатив – ти си секогаш со мене…. (С.Ц.)

__________________________

Кога ќе почнеш да се откажуваш од плановите поради дожд, значи дека си остарел! (Луда Глава)

__________________________

Без апарат за спознание, читањето е залудна работа….. (Роберто Беличанец)

__________________________

Можеби најсоодветно би било кога би советувал дека за да се биде среќен мора да се сака. Да се сака светот околу себе. Можеби навистина, клучниот збор е љубов. (Darko Buntewski)

__________________________

Го мразам универзумот што ми даде да те вкусам, што те донесе ко студено ветре во мојот спарен живот, а потем те однесе, ко топлина во зимска ноќ…. (С.Ц.)

__________________________

Кога бран на радост

ќе го заплисне твојот немир:

тоа се само

изгубени души што се допреле

и го нашле својот мир. (stojna)

__________________________

Ако повторно те гушнам и притоа не ја почуствувам сета радост на овој свет, подобро и да не те гушкам.. (Оги синко)

__________________________

Природава постои за души да полетуваат

без да се соголуваат.. (inl000)

__________________________

Ако мојот крај е твој почеток

а, мојот почеток твојот крај

ајде да се сретнеме на средината на кружницата.

Таму каде што небата можат да ни објаснат

зошто толку долго сме сонувале. (Искрата)

__________________________

Во твоето небо со милион сонца

посакав да сум месечината.. (Или)

__________________________

Да знаев порано дека спомените слично на поштенските марки стануваат повредни со години тогаш нешто и ќе запишев.. (Ѕвер)

__________________________

Сакав секој нов ден, да е нов.

А стариот сон, да не е сон. (Анакин)

__________________________

Биди среќна, Вида.

Заради себе.

Онака како што сум јас заради тебе. (Agens)

__________________________

Те скрив во срце со отворено дно,

во кое не престана да паѓаш,

се подлабоко. (Б.)

__________________________

Меѓу тапетот и ѕидот,

е заглавено 100 грамско пакетче,

од нашите планови за иднина.. (Mони.ка)

__________________________

Затоа земи ме

понеси ме или

само запомни ме по љубовта … (Гоцијаска)

__________________________

Ти секогаш мирисаш на Мај, а јас студам како Декември, но упорно ме топиш во дланка. (Мони.ка)

__________________________

Лебдиме. За да не нѐ допрат пајаците. Скалите се предолги за да ги исполнат нашите ветувања. (Амарија)

__________________________

Самоубиството е смртен грев велат верниците, природна човечка состојба е да даде отпор, а златната средина е вечен баланс и знак на отворен и широк ум. (Бунка)

__________________________

Се избањав во сопствениот безмилосен внатрешен простор. Ja допрев најдлабоката промена на свеста. (Teardrop)

__________________________

Ти молчиш.

Јас имам прашања.

Но знам дека се скриени во точката

на прашалникот. (Искрата)

__________________________

Сите мои постови, илјадници редови, мисли и зборови, сѐ беше за тебе.

Од срце исцедени… (Harry Haller)

__________________________

Тажните најубаво се смеат! (blueberry)

__________________________

Никој не успеал да создаде магија посилна од зборовите! (С.Ц.)

__________________________

Малкумина се оние што би ја продале душата на ѓаволот за непресушно канче со мастило. (Дарјан)

__________________________

Да крадеш од воздухот,

а да не го употребиш мудро е исто како да ограбиш човек без да имаш корист (Exitlove)

__________________________

Стоиме голи

ти плачеш јас се смеам

јас плачам ти се смееш

јас и ти плачеме и се смееме

лудо зарем не (?!) …..(T.C.)

__________________________

Кога сакам да пишувам долги песни,

секогаш почнувам да мислам

дека од обичен дожд сакам да направам

невреме. (kihuПотру)

__________________________

Не топи ме со колебливоста моја

не крши ме со колебливоста твоја

… та нели се сакаме… (Медено)

__________________________

Стана, ги спакува спомените во мал куфер и ги остави на буништето на времето. Немаше повеќе време. Ја отвори вратата од соништата и реши сам да влезе кај нив. (snowmen)

__________________________

Сите имаме избор – да веруваме во себе или не, да се лажеме и да оставиме другите да не лажат, да се изгубиме или пронајдеме некаде длабоко во своите чкртаници… (lucija)

__________________________

Ако утре Земјата побегне од прегратките на Сонцето

и сѐ неповратно потоне во неподвижно студенило,

со мразулци на трепките ќе го изгризам последниот здив,

гледајќи те. (С.Ц.)

__________________________

… кога сонот и јавето ќе се сретнат во поезијата … мора некој да умре … (Гоцајаска, во коментар)

__________________________

Сите мои мани ги гледаш како уметност на природата. (Сончоглетката)

__________________________

Сништата се распрскуваат како кристални чаши на стрелиште. Биди среќен што понекогаш, од стаклениот прав се пресоздава најубавиот лампион што вирее во оној агол од универзумот каде што постојано е Нова година. (С.Ц.)

__________________________

…вечната љубов се наоѓа само во книгите…….

затоа додека љубите, пишувајте, ќе остане вечна во прекрасните зборови на нашите редови. (Астростопер)

__________________________

Чувствата можат да ја сменат својата агрегатна состојба, присутноста не може! (Астростопер во кометнар)

__________________________

Пижамите се искинале

на деловите од мене,

што не сонуваат повеќе.(ckrtac)

__________________________

Не знаеја виножитата

дека ние сме им бои…

Не знаеја оти

токму затоа се свиткани.(ckrtac)

__________________________

Ако нешто научив тоа е дека не е битно какви се луѓето пред светот – битно е какви се пред тебе. (Пипо во коментар)

__________________________

Лудоста е доблест која му е позната само на лудакот! (Жана Џ.)

__________________________

Оваа стоножна илузија

лази долж телото

што секогаш

е зрело да капне

и да иструли. (ckrtac)

__________________________

Животот нѐ тера да делуваме со разум после срцето. (Жана Џ.)

__________________________

Да, точно е

незнаењето е благослов,

а јас сум само проколната

на живот без изненадувања… (mistressofsadness)

__________________________

..да ги фатам на дело

нашите заљубени срца

како заедно дишат

од зајдисонцето

на нашата младост. (Aleksandar)

__________________________

..Приказни кои се затвараат

како поминати животи.

Tи ги подарувам сите Потраги по загубеното време.. (baudelaire)

__________________________

Една воздишка за минатото

еден копнеж за иднината

минато кое толку прекрасно за да се заборави

иднина толку маглива за да се продолжи.. ([zEUs])

__________________________

Неговиот поглед, празен како пустина, завршуваше само два чекора зад него. (snowmen)

__________________________

Поетите умираат два пати:

првиот пат заради дланките кои треперат,

вториот пат заради недостаток од зборови. (baudelare)

__________________________

Премолчените вистини во мојата приказна

спијат без да сонуваат. (baudelare)

__________________________

Сладок е последниот пораз

во првата победа. (моронче)

__________________________

Ако заминам,

ќе остане ли некој да им дава

правец на твоите стапки

и да измислува тишина кога светот зуи,

за да заспиеш? (ckrtac)

__________________________

Таму водам љубов со некоја што има сѐ твое,

а е посиромашна за сѐ што си имала ти… (ckrtac)

__________________________

Кога сега помислувам на тие настани, сфаќам колку многу се смеев со неа, а сето друго и не беше од голема важност. (baudelare)

__________________________

Колу посилно сонцето свети, толку повеќе темнина открива. (dzam во коментар)

__________________________

Единствен начин да ја поднесам болката на животот е да ја осеќам цело време! (Марсовка)

__________________________

Почетокот не е секогаш почеток на нешто убаво, знам… но крајот е секогаш крај. (rambodve)

__________________________

Не се плаши од својот страв..зграби го…тоа е идејата на празниот простор, на белата хартија, на твојата иднина.

Тоа е твојата идеја. (zimski)

__________________________

Кога умира љубовта

остануваат прашалници без интерпункција

и затворени сништа. (baudelaire)

__________________________

Седнав на твоите букви интимност. Пропаднав. Исчезнав. Како дамка, истриена од заборав. Како восок, стопена фантазија. (Atrum)

__________________________

Во пукнатините на калдрмите ти ја оставам огромната љубов потешка и од горчината на лелекот на мајка која си го погребува чедото. (wisdom)

__________________________

Безшумно се движам со наведната глава

не од срам, не од тага, не од пораз туку, за да свикнам да те гледам одозгора! (wisdom)

__________________________

Бесцелно e да си џин меѓу ситни билки.

Ќе нема начин да сфатиш колку си голем.

Бесцелно е да си Бог меѓу обични смртници.

Ќе нема начин да сфатат колку си голем. (Чкртачот)

__________________________

Вчера бевме соноловци заглавени на врвот на снежните планини.

Денес сме истрошени мигови вечност кои нема никогаш да се вратат. (baudelaire)

__________________________

Пред сите неба да паднат

во моите очи,

пред сите ѕвона и камбани да се стопат

таму на почеток –

пред заминување. (au-ra)

__________________________

Зборовите стануваат прескапи за да бидат изговорени, кога приказните се ближат до ситните ронки од ровка почва изронети. (С.Ц.)

__________________________

Во распнатоста помеѓу желбата за бесмртност и смртноста, човекот можеби парадоксално, сепак ја наоѓа својата смисла. (rogov)

__________________________

Додека цвеќето на терасата цветаше

И сонцето печеше по плочките

Две столици зјаеа празни, по цели денови.. (hofer)

__________________________

Те запознав во една ненапишана песна-

додека го барав потеклото на сонот и поентата на утрото. (baudelaire)

__________________________

Се чуствувам толку празно.. како хартија на која нема испишано ни еден збор. (девојчето со панделка)

__________________________

Сакам да шетам гола низ неговите мисли… низ неговите соништа… Сакам да му ја скокоткам фантазијата.. (mackica)

__________________________

Со текот на времето стана една од оние жени кои во одреден период од животот биле нечија официјална девојка, нечија неофицијална љубовница, нечија втора жена, нечија муза, ничија најголема љубов и нечие најголемо проклетство. (baudelaire)

__________________________

Сега веќе нема ни зборови.

Ги продадовме своите вистини на непознати луѓе.

Сега ни вселената не не собира двајцата.

Јас ти ја оставам мојата,

ти ги оставам нашите пријатели,

нашите предмети,

нашите фотографии. (baudelaire)

__________________________

Велат дека најсреќните луѓе немаат сеќавања. (baudelaire)

__________________________

Обиди,

Да прикриваш сенки

На изронета душа,

Каде боја попаднала

Во длабоките рани на мечтите. (smierna)

__________________________

Ако тоа што мислам значи дека постојам, тогаш кога чувствувам – живеам. (lediblu)

__________________________

Солзите. Нели се тоа солената крв на душата? (Чкртачот)

__________________________

Чекав седум години на прагот од сѐ што сме јас и ти и дочекав, да видам дека сѐ што си ти умрело во релјефот на твоите разбранувани сини очи. (lellyromanov)

__________________________

Кога се претопувам во црно-белиот простор посакувам да бидам црвена вазна која нема да биде само шематски приказ на пркос. (lullaby)

__________________________

Со тебе сакав залудност

како цртање снег,

и очигледна лага

како утеха пред смрт. (чкртач)

__________________________

If you hate me, hate will ruin you, not me. (Sunnie)

__________________________

Tоа што денот ми носи, ноќта ми одзема. (Ненад Јолдески)

__________________________

ТУЃОТО ЃУБРЕ Е НЕЧИЕ БОГАТСТВО! (Кец)

__________________________

И целиот тој блуз заробен внатре

Додека бледиве стапала

Се љубат со парчињата скршено стакло

На полето со бели маргаритки

Насликано од бивш шизофреничар… (Коцева)

__________________________

Летам спроти ветрот, итајќи кон тебе. Ако ми се стопат крилјата, ќе знам оти сум изгорел од твојата љубов…. (С.Ц.)

__________________________

Кога ќе ги убедиш зборовите

на искреност

напиши ги да ги видам. (Neli)

__________________________

Попатно ги сакам губитниците и нивната омраза кон победниците зошто само од тоа реално се јавува самосвеста. (Tanit)

__________________________

Лани не ти ја ни кажав својата желба – Да станам центар на универзумот, само за да престанам да се вртам …околу тебе. (ili)

__________________________

Го губам подот

Во лифт

Меѓу катови. (lontana)

__________________________

Дај ми минута

ќе ти дадам век.

И песок

во часовник

ќе бидам. (lontana)

__________________________

А ти си сега, само еден растроен талкач,

оној кој чека, и не верува во беда. (smierna)

__________________________

„Успеху, кој си на врвот на сечилото, прободи ме во слабините. Ќе биде тоа ужасно слатка болка.“ (bluebird )

__________________________

Првпат сум широка прегратка што задушува,

поглед што не распознава,

искреност што крвари зашто е чиста,

наивност што плаче зашто е детска… (чкртач)

__________________________

Солзите се пари.

Во живот на рати.

Спакуваните куфери – гробови на среќата. (Небула)

__________________________

Еднаш одамна заминав од реалноста

и заборавив да се вратам. (Exitlove)

__________________________

Некој ќе те остави заради лагите.

Некого ќе оставиш заради вистини. (baudelaire)

__________________________

Заминав од нивните прегратки, пред да се престорат во зандани. (Внукот)

__________________________

Во светот на отуѓени и странци

продолжуваш да трагаш

по втората половина. (1979)

__________________________

Паметејќи совршеност заглавуваш во неа. А душите, по допирот отелотворуваат и стануваат луѓе. (апостолка во коментар)

__________________________

Точката се претопи во кружница жртвувајќи ја својата аксиоматичност. Кружницата беше празна. (Александар Бојчевски)

__________________________

Loving a woman is like loving a fantasy. You know its not real, but you’ll have to respect its existence like unreal.

3 Responses to "Поетични цитати"

Osven nekolku na kihu petry, astrostoper i budelaire drugite se raste trava raste bor cekam odgovor…

ps. zaboraviv da go spomnam ckrtacot koj isto taka vredi

Друже точно, ама тоа е на вина на блогерајот и ми се кине срцето што е така. Имав пишувано за тоа во неколку наврати:

http://mkblogeri.blog.mk/2012/04/08/kako-izgledashe-blog-mk-vo-minatoto/

http://outtake.blog.mk/2012/01/13/za-shto-e-zasluzhen-tre/

И патем, не се неактивни овие други блогери, можеби некој дел да, но некои и понатаму блогираат, само на други платформи како и јас овде на пример, а бидејќи тука нема социјална матрица, па никој не се задржува на блогот подолго за да ете одговори на коментари на време и тоа да поттикне следење и запознавање блогери..

Иначе овие сите цитати се соберени од тоа време кога имаше некоја социјална нишка меѓу блогерите, а тоа го овозможуваше blog.mk; од тогаш немам собирано вакви колекции…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

_______
Букви со надредни знаци:
.

Ѐ Ѝ è ѝ ô
_______
Блогот е создаден во 2008-ма година и од него се публикувани две книги.

категории

Скоро прочитани написи

На твитер

  • Why we dont love the people who love us but we love the people who dont love us? Is this another anomaly of our fuckedupness? 4 months ago
  • "it's always worth to lose" - Jim Carrey 7 months ago
  • "Reality is your power to understand and recognise the misconceptions and misunderstanding in the world." - George Soros 7 months ago
  • "the internet technology that have the power to let everyone in the world understand each other" Snowden movie. 9 months ago
  • "The world changed when Supermen flew across the sky. Then it changed again when he didn't." - Suicide Squad 12 months ago

hits

  • 48,417 hits

Rene Aubry - La Grande Cascade

Rene Aubry - Demi Lune

René Aubry - Tree Song


Site Meter

Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.