Небесна линија

Приказната за едно шише

Posted by: Д. Краљевски on: Јануари 11, 2012

Повеќето непознати нешта засекогаш  остануваат непознати, нивната како и сите други приказни, секогаш завршува  загледана во некое од утринските сонца кои немаат што друго да ѝ дадат освен смрт. Бесмртностите одамна се истрошија. Денес,  кога и воздухот се наплаќа, повеќе од видливо е дека не постојат бесплатни приказни, ниту бесплатни раскажувачи.

Во едно обично утро некаде низ далечината на поспаните мисли на градот осамна смртта  на едно пластично шише, тоа беше единствената среќа што можеа да си ја дозволат сите пластични шишиња – достојна смрт пред да бидат валкани и поттурнувани де натаму, де наваму, со години. Во тој миг осамна и сеќавањето за неговата среќа, неговата надеж и негодото полудување.

Пред неколку години шишето беше наполнето со живот во фабриката „Кватро“, неговата радост се случи кога живееше спакувано со уште пет шишиња. Тогаш ги доживеа своите најубави денови, патуваше низ градови, слушаше безброј приказни и со насмев возвраќаше на исто толку случајни насмевки. Неговата единствена љубов во животот шишето со кое беше допрено во пакетот, за неа имаше моќ целиот свет да го покрие со една огромна насмевка, но нејзе не ѝ беше потребно тоа, единствено беше доволно што се допираа. Имаше утра кога ги облеваше сонцето додека се возеа во камионот, тогаш обично водеа љубов со огромна страст.

-….Имам нешто за тебе. Имам љубов. – гласно се протегнаа нејзините мисли.

-….Ако помислам на среќа некогаш, тоа ќе си ти во мислите. – ѝ врати.

Тоа беа единствените денови кои вредат да се паметат целиот живот. Но нештата не би се паметеле цел живот ако нивната убавина не завршила во некој непосакуван миг. Оваа најголема среќа на пластичното шише заврши неколку минути откако беше продадено на човекот жеден за испивање туѓи животи. Тој го одвои од шишето што се допираа во пакетот и без да му даде време да си потажи околу тоа – го испи. Оттогаш оваа пластично шише живееше без живот во себе, како жив мртовец, како сон од празнина и темност.

Со години беше поттурнувано од минувачи по улиците, дождовите и ветровите му ги одземаа и последните мисли сочувани од среќните денови. Но како за чудо, тогаш се роди утро со изненадувачки топло сонце што надеж значеше. Се појавив јас! Го собрав шишето раскажувајќи му за рајот каде што одат сите шишиња, му раскажав дека сите се допрени еден со друг и формираат новогодишна елка. Не можев отпрво да забележам радост во него, но подоцна мислам дека единтвените мисли што ги имаше во себе, беа надежите дека ќе отиде во рајот каде сите се допрени поради што постои невидена еуфорија и среќа.

Но за него тоа никогаш не се случи, заборавив да го соберам со останатите шишиња, а тоа остана само, терасата каде што го чував. Неговото полудување следеше веднаш после умрената надеж. Се потчини на ветрот како на некој психоделик кој на пролет беше убав, но на есен – вистински хорор. Започна деноноќно да удира во гелендерот на терасата со што предизвикуваше неподносливи звуци, посебно за утринските тенки соништа. Лудото шише повеќе не можеше да се присети на неговиот среќен дел од животот и единствено што му преостануваше е да удира во ладниот гелендер. Можеби веќе му здосади незабележливоста која ја уживаше па овој пат реши им ги прекине соновите на сите наоколу. Можеби само неговата лудост мораше да направи нешто лудо за да може тоa да ги заборави сите скршени мисли во себе.

.

Приказна инспирирана од вистински настан.

//

//

Ознаки: ,

1 Response to "Приказната за едно шише"

[...] Приказната за едно шише (Небесна линија) [...]

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

категории

_______
Букви со надредни знаци:
.

Ѐ Ѝ è ѝ
_______

На твитер

hits

  • 10,403 hits